Соединетите Американски Држави ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп.
Оваа најава на Трамп доаѓа по само два дена откако потпретседателот Џеј Ди Венс пред новинарите изјави дека распоредувањето на американските сили во Полска се одложува.
САД во моментот го преиспитуваат своето воено присуство во Европа, при што се очекуваше намалување на трупите по инсистирањето на Трамп дека НАТО мора да преземе поголема улога во европската одбрана.
„Врз основа на успешниот избор на сегашниот претседател на Полска, Карол Навроцки, кого со гордост го поддржав, како и на нашите односи со него, со задоволство објавувам дека САД ќе испратат уште 5.000 војници во Полска“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“.
Трамп го прими Навроцки во Белата куќа во мај минатата година, давајќи му клучна поддршка пред изборите во Полска на кои Навроцки го победи кандидатот од проевропската центристичка партија на премиерот Доналд Туск.
Слични новости
Зеленски го одби предлогот на Мерц: Украина не сака во ЕУ без право на глас
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц Украина да добие статус на придружна членка на ЕУ, порачувајќи дека Киев не прифаќа ограничен формат без право на глас.
Евакуација на 40.000 луѓе во Калифорнија поради истекување на опасна хемикалија
Околу 40.000 жители во американската сојузна држава Калифорнија добија наредба за итна евакуација од своите домови поради големо истекување на опасна хемиско супстанца, која може да предизвика експлозија и да формира отровен облак над густо населено подрачје.
Студентите во Србија организираат нов протест за демократизација на Србија и вонредни избори
Студентите во Србија ги повикаа граѓаните на Србија на денешниот голем протестен митинг во Белград под мотото „Ти и јас, Славија“, како дел од кампањата „Студентите победуваат“, од каде ќе побараат одржување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата.


