Фудбалерите на Астон Вила ја освоија Лига Европа, откако синоќа во финалето во Истанбул убедливо го совладаа Фрајбург со резултат 3:0.

Јури Тилеманс го постигна првиот гол во 41-та минута со волеј удар, а Буендија со ефектен гол на крајот на првото полувреме донесе водство од 2:0 за Астон Вила. Конечниот резултат од 3:0 го постави Морган Роџерс во 58-та минута. Разликата во квалитет беше огромна и Фрајбург практично не се ни закани по голот на Астон Вила, која можеше да победи и поубедливо.

Клубот од Бирмингем го освои првиот голем европски трофеј по освојувањето на Купот на шампионите во 1982, а менаџерот Унаи Емери по петти пат во кариерата го подигна пехарот на Лига Европа, по три славја со Севиља и едно со Виљареал.

 

 

Слични новости

Студентите во Србија организираат нов протест за демократизација на Србија и вонредни избори

Студентите во Србија организираат нов протест за демократизација на Србија и вонредни избори

Студентите во Србија ги повикаа граѓаните на Србија на денешниот голем протестен митинг во Белград под мотото „Ти и јас, Славија“, како дел од кампањата „Студентите победуваат“, од каде ќе побараат одржување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата.