УХМР прогнозира дека времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а наместа ќе има слаб локален дожд. Попладне во југоисточните делови се очекува нестабилност со услови за ретки грмежи и пороен дожд. Максималната температура ќе се движи од 20 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 26 степени.
Сабота се најавува како првиот понестабилен ден, со сончеви периоди, променлива облачност и можни попладневни врнежи. Поголема веројатност за дожд и грмежи ќе има во западните, југозападните, северозападните и планинските делови.