Сомнежите за наводна шпионска афера во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за премиерот Христијан Мицкоски, потекнуваат од како што вели „шпионски талог на општеството“ структури кои во минатото се наоѓале во кабинетите на поранешните политичари, а Обвинителството на чело со обвинителот Ислам Абази создавал паника во јавноста дека нешто се случувало.

„Јас не би ги коментирал овие глодари затоа што мислам дека треба да ги заборавиме“ изјави Мицкоски на новинарско прашање за наводниот шпионски скандал во Вила Водно.

Изјавата на Мицкоски уследи по објавата за можна шпионажа во Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска и дека Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција води предистрага дека вработен во Кабинетот извлекувал податоци од компјутери и ги предавал на странска разузнавачка служба.

Слични новости

Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Македонија, објави Муцунски

Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Македонија, објави Муцунски

Европската комисија (ЕК) става на располагање 65,7 милиони евра за нашата држава во рамки на Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот, во споредба со 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора

Претседателскиот Кабинет без реакција за наводната шпионска афера

Претседателскиот Кабинет без реакција за наводната шпионска афера

Министерството за внатрешни работи, пак, одговори дека сè уште се вршат вештачења, а се извршени и службени разговори со вработени во кабинетот. Според сознанија на Телма, службеникот за кого се води постапката е отстранет од работното место додека трае истрагата.

Пепелта од РЕК пак крева прашина, загадувањето недокажано

Пепелта од РЕК пак крева прашина, загадувањето недокажано

Заради силниот ветер присутен деновиве, на одлагалиштето за пепел само од местото каде што во моментот се одлагаше пепел, се забележа издигнување на истата. Веднаш е запрено со одлагањето и се пристапи кон дополнително покривање со земја на одложената пепел, велат од РЕК.