Биометрискиот систем на ЕУ одбил влез на 32.000 патници. Oдбивањата се евидентирани во повеќе земји, вклучувајќи ги Португалија, Шпанија, Франција, Италија, Германија, Грција и Холандија, од каде најмногу влегуваат патници надвор од Шенген зоната.

Според EuroWeeklyNews, за време на почетната фаза на EES, регистрирани се повеќе од 52 милиони гранични премини.

Влезот во земјата може да биде одбиен од различни причини, вклучувајќи неважечки патни документи или недоволен доказ за целта на патувањето. Недоволните финансиски средства се исто така една од причините за одбивање, како и проблеми со визите.

Само 700 од одбиените случаи се поврзани со безбедноста. 

 

Слични новости

Вашингтон: Времето истекува за Иран

Вашингтон: Времето истекува за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека времето истекува за постигнување договор за крај на војната, во момент кога мировниот процес отежнато се одвива.