На Мото ГП трката за големата награда на Каталонија се случија две одвоени тешки несрежи во кои се повредија Алекс Маркез и Жоан Зарко, но лекарите соопштија дека и двајцата се надвор од животна опасност.
Алекс Маркез се здоби со кршеници на пршлените и на клучната коска и наскоро треба да биде опериран. Лекарите му укажаа помош уште на стазата во Барцелона веднаш по несреќата по што итно беше префрлен во болница.
До несреќата дојде на пола од трката кога во 12-от круг поради технички проблеми нагло забави возачот на КТМ Педро Акоста, а Маркез не успеа да го избегне, по што неговиот мотор неколку пати се преврти.
Од распаднатиот мотор на Маркез деови удрија во други возачи, кои за среќа беа полесно повредени.
Трката беше прекината, а откако продолжи се случи друг инцидент во кој на Жоан Зарко му се заглави ногата во моторот на друг возач.
Зарко е во болница со полесни повреди.
Слични новости
Кливленд Кавалиерс во голем стил во финалето на Источната конференција
Кливленд Кавалиерс убедливо го победија на гостински терен фаворитот Детроит Пистонс со 125:94 во седмиот решавачки меч и со вкупна победа од 4:3 се пласираа во финалето на Источната конференција.
ШГА кој повторно беше избран за МВП на НБА лигата им подари часовници и мантили на соиграчите
Откако втор пат по ред беше прогласен за МВП на НБА лигата, Шеи Гилџес Александар им подари на соиграчите часовници, за да им се заблагодари што му овозможија да стигне до престижната награда.
Слот по 20-иот пораз: Ќе бидеме подобри идната сезона
Фудбалерите на Ливерпул синоќа го забележаа 20-иот пораз во сезоната откако беа совладани од Астон Вила со 4:2. Ливерпул е сега петти на табелата и во последното коло на домашен терен ќе мора да го победи Брентфорд за да обезбеди учество во Лигата на шампионите


