Минесота израмни на 2:2 во серијата со Сан Антонио откако утринава на свој терен победи со 114:109. Клучниот момент на натпреварот се случи во третата четвртина кога најдобриот играч на Сан Анатонио Виктор Вембенјама го удри со лакт во вратот Наз Рид, по што беше исклучен од натпреварот.
Сега се очекува и евентуална казна за Вембенјама кој поради овој неспортски потег може да биде суспендиран за петтиот меч кој се игра во среда во Сан Антонио.
Најдобар кај Минесота во важната победа беше Ентони Едвардс кој постигна 36 коша, а Руди Гобер постигна 11 поени со 13 скокови.
Кај Сан Антонио најпрецизни беа Харпер и Фокс со по 24 коша.
Слични новости
Барбарез го слави најголемиот успех на Б и Х во фудбалот: Сакавме да испишеме историја
Откако селекцијата на Босна и Херцеговина тим синоќа победи против Катар со 3:1 и обезбеди учество во 16-ина финалето, селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина Сергеј Барбарез изјави дека сакале да испишат историја, но оти и тие самите не верувале дека ќе стигнат толку далеку.
Тешка победа на Хрватска против Панама
Хрватска во Торонто ја победи Панама со 1:0 во второто коло од групата Л и со три бода оста во играта за пласман во нокаут фазата. Панама е веќе елиминирана, а Англија и Гана имаат по 4 бодови.
Англија одигра непопуларни 0:0 против Гана
Англија одигра нерешено 0:0 против селекцијата на Гана во второто коло од групата Л на Светското првенство во фудбал, иако имаше огромен посед на топката и создаде неколку изгледни прилики за гол.


