Британската пејачка Бони Тајлер се наоѓа во индуцирана кома, за да и се олесни опоравувањето од итната операција која и беше извршена во Португалија, соопшти портпаролот на некогаш светски познатата пејачка.
Како што се наведува, 74 -годишната британска пејачка била итно оперирана во португалскиот град Фаро, во близина на нејзиниот дом во Португалија, а операцијата била успешно извршена.
Бони Тајлер чие вистинско име е Гејнор Хопкинс, стекна светска слава во 80-тите со хитот „ Total Eclipse Of The Heart“, кој беше број еден на топ листите во Британија и САД.
Слични новости
Архангел го објави новиот сингл „Дни оловни“
Повеќе од две децении по нивниот последен студиски албум, македонскиот рок состав Архангел официјално се враќа со нова музика.
Сензационално откритие во длабочината на Сончевиот систем
Научниците открија трагови на ретка атмосфера на мал леден објект кој орбитира зад планетата Нептун, а доколку се потврди откритието, ова ќе биде за прв пат атмосфера да биде забележана на некое небеско тело со ваква големина.
„Ѓаволот носи Прада 2“ најгледан женски филм по „Барби“
„Ѓаволот носи Прада 2“ продолжението на култниот филм за Ен Вентур и модната индустрија од 2006 со Мерилс Стрип, Ен Хатавеј, Стенли Тучи и Емили Блант станува втор најгледан филм на сите времиња со жени во главните улоги, по феноменот „Барби“


