Биопикот за Мајкл Џексон викендов заработи високи 54 милиони долари на американскиот Бокс офис и филмот веќе има заработка над 400 милиони долари глобално, што го прави еден од најуспешните биопици за музичка ѕвезда на сите времиња.
Досега филмот во САД заработи 184 милиони долари, а андвор од Америка 240 милиони долари, за тотална заработка од 424 милиони долари.
Сепак биопикот за Мајкл Џексон е сеуште далеку од достигнувањата на „Боемската рапсодија“ филмот за легендарниот фронмен на британскиот бенд „Квин“ Фреди Меркјури.
„Боемската рапсодија“ освен големиот успех на Боск офисот освои и 4 Оскари.
Слични новости
„Ѓаволот носи Прада 2“ го отвори летниот Боск офис со огромен успех
„Ѓаволот носи Прада 2“ на студијата „Дизни“ и „20-век“ го отвори летниот Бокс офис со одлични резултати, заработка од 77 милиони долари во премиерниот викенд во САД и 156,6 милиони долари надвор од САД за заработка од 233,6 милиони долари во првиот викенд.
Поранешниот градоначалник на Њујорк и обвинител кој ја десеткуваше мафијата Рудолг Џулијани хоспитализиран во критична состојба
Поранешниот обвинител, а потоа и градоначалник на Њујорк Рудолф Џулијани се наоѓа во „критична состојба“ и е хоспитализиран во Њујорк, изјави неговиот портпарол.
Артистите на Универзал Мјузик Груп ќе заработат милиони од стримерите благодарение на Тејлор Свифт
Универзал Мјузик Груп потврди дека ќе продаде три проценти од своето учество во Спотифај, зделка која е вредна 1,4 милијарди долари, базирано на проценките на вредноста на Спотифај на 29 април.


