Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, кој престојува во официјална посета на земјава.
Посетата е придружена со највисоки државни и воени почести на свечена церемонија во Кабинетот на претседателот. По официјалниот пречек, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на двете делегации.
По разговорите, Сиљановска-Давкова и Пармелан ќе одржат заедничка прес-конференција за медиумите. Во рамки на посетата, швајцарскиот претседател ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, како дел од протоколарната програма.
Слични новости
За пет месеци 120 000 казни преку камерите на „безбеден град“
Од 1 февруари, кога стартуваше примената на ‘Безбеден град‘, регистрирано е намалување на сообраќајните несреќи за околу 40 проценти, односно загинале 34 лица, наспроти 55 за истиот период лани. До 22 јуни 2026, преку камерите се регистрирани 120.000 прекршоци, од кои 95 проценти се за пречекорување на дозволената брзина
Потврден случај на „Денга треска“ во Македонија кај 42-годишен маж од Бангладеш
Заболемниот е хоспитализиран на инфективната клиника и е во стабилна состојба. Здравствените власти уверуваат дека во моментов не постои ризик за ширене на болеста, бидејќи се пренесува исклучиво од убод на комарец.
Посебни термини и посебни цени за мажите и за жените на базенот во Тетово – невладините бараат еднаков пристап до јавните услуги и недискриминација
Општина Тетово објави дека до почетокот на учебната година градскиот базен ќе има два термини кога ќе може да го користат само жени. Среда и сабота од 08:30 до 12:00 часот се периодите кога само лицата од женски пол ќе може да пливаат.


