Расположението на германските потрошувачи падна на најниско ниво за последните три години, односно од февруари 2023, се наведува во извештајот на германската агенција за истражување на пазарот ГФК.

Потрошувачкото расположение се однесува на општиот став и чувство што го имаат потрошувачите за економијата, што влијае врз нивната подготвност за лична потрошувачка, која е еден од главните компоненти на стопанскиот развој.

Вредноста на индексот на потрошувачкото расположение во Германија во прогнозата за мај падна од ревидираните минус 28,1 , на минус 33,3 поени, се наведува во извештајот.

Падот на сентиментот кај граѓаните доаѓа поради засилените економски неизвесности со растот на енергентите како последица на војната на Блискиот исток.

Слични новости

Економистите очекуваат дека ФЕД нема да ги менува каматните стапки до крајот на годината

Економистите очекуваат дека ФЕД нема да ги менува каматните стапки до крајот на годината

Економистите сметаат дека падот на цената на нафтата и слабеењето на инфлаторните притисоци предизвикани со геополитичките настани му даваат можност на ФЕД да почека и да не ги зголемува каматните стапки.

Трамп и се закани на Европа со царини од 100 насто

Трамп и се закани на Европа со царини од 100 насто

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воведување царини од 100 настона увозот од сите земји кои ќе воведат данок на дигиталните услуги на американските технолошки компании, пренесе АБЦ њуз. Во објавата на социјалните мрежи, Трамп наведе дека мерката особено се однесува на европските земји