Европската комисија се подготвува да побара делење на авионското гориво во рамки на Европската унија поради последиците од конфликтот на Блискиот Исток.
Еврокомесарот за енергетика, Дан Јоргенсен, изјави дека Брисел ќе продолжи да ја следи состојбата со залихите на гориво и рафинериските капацитети, ќе ја координира испораката и, доколку е потребно, ќе изврши прераспределба на горивото меѓу земјите членки – слично на механизмите користени за време на пандемијата при распределбата на вакцини.
„Се движиме од криза на високи цени кон криза на снабдување. Тоа најпрво ќе се почувствува кај авионското гориво и се приближуваме до тоа многу брзо“, изјави Јоргенсен за Financial Times.
Според него, мерките може да вклучат поделба, односно прераспределба на авионското гориво меѓу членките на ЕУ.
Слични новости
Германија подготвува мерки поради можен недостиг на керозин
Како што пренесува „Шпигел“, Мерц најави итно свикување на Националниот совет за безбедност за да се разгледа стратегијата за енергетска стабилност.
Нафтата поскапе по новата ескалација во Ормутскиот теснец
На лондонскиот пазар, цената на нафтата од типот „Брент“ порасна за 5,7 проценти и достигна 87,30 долари за барел, додека на американскиот пазар цената се искачи за над 6,2 проценти, на 89,05 долари.
САД уфли трета транша од нафтените резерви во обид дополнително да ги намали цените на нафтата
Министерството за енергетика на Соединетите Американски Држави објави дека позајмило 26,03 милиони барели сурова нафта од Стратешките резерви на нафта (SPR) на девет нафтени компании.


