Фудбалерите на Лидс го совладаа на гости Манчестер јунајтед со 2:1 во последниот натпревар од 32. коло на Премиер лигата и ги зголемија шансите за опастанок во лигата.
Головите за Лидс ги постигна Окафор во 5. и 29. минута од натпреварот, а стрелец на единствениот гол за Манчестер беше Каземиро во 69. минута.
Димашниот тим го заврши натпреварот со 10 играчи откако Лисандро Мартинез доби црвен картон во 56. минута.
И покрај поразот, Манчестер јунајтед го задржа третото место со добри изгледи за пласман во Лигата на шампионите, а Лидс постепено се оддалечува од опасната зона и сега е 15-ти со 36 бодови.
Слични новости
Мауруцио Покетино нов тренер на Милан
Италијанските медиуми денеска потврдија дека аргентинскиот тренер Маурицио Покетино ги прифатил сите услови на Милан и дека се враќа во Европа. Тренерот постигнал прелиминарен договор според кој ќе го преземе Милан по Светското првенство во фидбал за годишна плата од 5 милиони евра.
Чехот Меншик се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос
Чешкиот тенисер Јакуб Меншик се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос каде што ќе игра против Александар Зверев, откако во четвртфиналето го победи со убедливи 3:0 Бразилецот Жоа Фонсека.
Манчестер јунајтед го доведе Едерсон од Аталанта за 35 милиони фунти
Едерсон кој има 26 години треба да потпише договор со Манчестер јунајтед со можност на продолжување на договорот за уште една година. Англискиот клуб прифати да и исплати на Аталанта обештетување од 35 милиони фунти, плус дополнителни бонуси.


