Во најновото соопштение, иранската мисија во Обединетите нации изјави дека бродовите можат да користат „безбеден премин“ низ Ормускиот теснец, „под услов да не учествуваат или да не поддржуваат акти на агресија против Иран и целосно да ги почитуваат пропишаните мерки за безбедност и сигурност“.
На бродовите ќе им биде дозволено да минуваат низ теснецот „во координација со надлежните ирански власти“, според соопштението објавено на социјалните мрежи.
Техеран не објасни детално кои регулативи мора да ги следат бродовите за безбедно да се движат низ теснецот, низ кој нормално минуваат околу една петтина од светските залихи на нафта и течен природен гас.
Изјавите на Иран доаѓаат во време кога американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се во тек преговори за прекин на војната меѓу САД и Израел против Иран, и покрај претходните негирања на Техеран дека се водат такви разговори.
Слични новости
САД и Иран разменија нови напади
Американските сили испалиле ракета „Хелфаер“ за да го онеспособат танкерот што се обидувал да ја пробие американската блокада на Ормутскиот теснец, а подоцна изјавија дека ги одбиле иранските одмазднички напади во регионот и нападнале локации на островот Кешм во Иран.
13 загинати и голем број повредени во руски воздушен напад врз Украина
Во голем руски напад со беспилотни летала и ракети врз Украина загинаа 13 лица, а најмалку 58 беа повредени, меѓу кои и седум деца. Погодени беа станбени згради во Киев и Дњепар, каде што се и најголемиот број загинати цивили.
Трамп: САД не се официјално известени дека Иран ги прекинува преговорите
Трамп порача и дека евентуалната пауза во разговорите не значи дека САД планираат воена акција против Иран.


