Одбранбените сили на Израел соопштија дека во текот на ноќта израелското воено воздухопловство срамнило со земја повеќекатница во главниот град на Либан Бејрут за која Тел Авив тврди дека била команден центар на Хезболах.
Во текот на ножта биле бомбардирани и други објекти во Либан, за кои постоеле сомненија дека го користат елитните Радван сили на Хезболах и на разузнавачата дивизија на терористичката група, пренесе Тајмс оф Израел.
Биле изведени напади и врз градот Ат-Тири на југот од Либан, а била погодена радио станицата Ал-Нур на Хезболах, тврди израелската армија.
Слични новости
Во пожар во хотел во Њу Делхи најмалку 20 загинати
Бројот на загинатите во пожарот кој зафати хотел во индискиот град Њу Делхи се искачи на 20, соопштија локалните власти. Противпожарните служби соопштија дека спасиле повеќе од 40 луѓе кои биле во хотелот кој бил зафатен од пожар, пренесе Индија тајмс.
Демократите до Рубио: Надворешната политика на Трамп се претвори во „оган од контејнер“
Нетанјаху рече дека чекал 40 години за да го стори ова. Се испостави дека конечно нашол претседател кој бил доволно глупав и неодговорен да му се придружи. Војната уби 14 американски војници, рани стотици други и уби илјадници цивили. Ги зголемува цените на бензинот, храната и многу повеќе.
САД и Иран разменија нови напади
Американските сили испалиле ракета „Хелфаер“ за да го онеспособат танкерот што се обидувал да ја пробие американската блокада на Ормутскиот теснец, а подоцна изјавија дека ги одбиле иранските одмазднички напади во регионот и нападнале локации на островот Кешм во Иран.


