Стриминг гигантот Нетфликс се откажа од натамошно наддавање за купување на едно од најголемите холивудски студиа Ворнер Брос и неговата огромна филмска архива.
„Ворнер брос“, кој лани објави дека е на продажба, кажа дека последната понуда на „Парамаунт“ е супериорна во споредба со онаа на „Нетфликс“, кој, пак, одби да ја зголеми својата понуда.
Извршните директори на Нетфликс изјавија дека нема да се обидат да ја надминат понудата на „Парамаунт“, велејќи дека договорот по таа цена веќе не е финансиски привлечен.
„Парамаунт“ пред неколку дена ја подобри својата понуда, нудејќи 31 долар за акција, додека „Нетфликс“ претходно понуди цена од 27,75 долари за акција.
„Парамаунт“ е на добар пат да ја преземе контролата врз легендарното филмско студио заедно со неговите филмови и медиумски мрежи, што би можело значајно да ги преобликува Холивуд и поширокиот медиумскиот пејзаж.
Со оваа зделка, „Парамаунт“ го добива и стриминг сервисот „ХБО макс“, како и информативната телевизија „Си-Ен-Ен“.
Слични новости
ОЕЦД очекува забавување на економскиот раст на 2,8 насто во 2026 поради војната на Блискиот исток
Организацијата за економска сорабтка и развој ОЕЦД денеска соопшти дека глобалниот економски раст ќе успори од 3,4 насто во 2025, на 2,8 насто во 2026 поради војната на Блискиот исток, додека во 2027 се очекува делумно опоравување на 3,1 насто раст.
Индустриското производство во април годинава е зголемено за 7,6 %
Индустриското производство во април годинава е зголемено за 7,6 % во однос на април 2025 година – соопшти Државниот завод за статистика. Во периодот јануари – април годинава, пак, во споредба со истиот период од 2025, има раст на индустриското производство од 0,2 %.
САД и Иран разменија нови напади
Американските сили испалиле ракета „Хелфаер“ за да го онеспособат танкерот што се обидувал да ја пробие американската блокада на Ормутскиот теснец, а подоцна изјавија дека ги одбиле иранските одмазднички напади во регионот и нападнале локации на островот Кешм во Иран.


