Со предложените измени на Законот за високо образование, ВМРО ДПМНЕ уште еднаш покажува дека образованието го гледа како елитистичка привилегија, тврди Левица.
Министерката предложува зголемени критериуми за избор во наставно-научни звања, барајќи од 6 до 7 научни трудови, од кои најголем дел во списанија со импакт фактор од Web of Science и Scopus. Она што намерно се премолчува е дека објавувањето во овие списанија чини илјадници евра по труд, средства кои државата не ги обезбедува системски, особено не за млади истражувачи, се вели во соопштението од Левица
Со овие измени, всушност, професори ќе можат да станат само децата на богатите, оние што имаат лични или семејни ресурси да плаќаат публикации, конференции и „академски трошоци“. Јаневска со ова ја исклучува државата од инвестиции во науката и ја префрла одговорноста врз поединецот. ДПМНЕ уште еднаш ја претвора науката во пазар, а универзитетот во филтер за социјална селекција, порачува Левица.