Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на 373 контроли спроведени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, соопшти денеска Агенцијата.

 Со контролите е утврдено дека 14 оператори воопшто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. За утврдените недоследности со контролите, издадени се 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра во денарска противвредност.

Кај девет оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај седум била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај два оператора најдена била и храна со непознато потекло.

Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжителен здравствен преглед. Двајца од операторите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса или не воделе соодветни записи.

Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите,

 

Слични новости

Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“

Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри пораки за текот на македонските евроинтеграции, оценувајќи дека државата е жртва на класичен булинг од страна на земји членки на ЕУ.