Новата влада до денес воведе 23 нови директни летови. „Преку охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, а оваа година скопскиот аеродром очекувам да биде лидер во регионот со раст и да надминеме 4 милиони патници“, изјави министерот за транспорт Александар Николоски.

 Тој вели дека владината политика е насочена на привлекување  нови авиолинии и авиокомпании, имајќи предвид дека Македонија нема излез на море и аеродромите се наш единствен излез и тука да доаѓаат повеќе туристи и повеќе луѓе за бизнис и можност македонските граѓани да патуваат.

Николоски информира дека се започнати директни разговори со Саудиска Арабија за воспоставување на воздушен сообраќај меѓу двете земји што дополнително ќе се прошири мрежата на летови за Македонија.

Слични новости

Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“

Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри пораки за текот на македонските евроинтеграции, оценувајќи дека државата е жртва на класичен булинг од страна на земји членки на ЕУ.