Холандија и ја врати на Египет камената скулптура стара 3.500 години која илегално беше изнесена од Египет за време на Арапската пролет во 2011 и беше откриена на холандскиот саем на уметноста во 2022.

Скулптурата, која е главата на фараонот Тутмес Трети потекнува од Луксор и првобитно беше дел од блок статуа, пренесува Ројтерс.

Холандскиот министер за култура Гоуке Моес изјави дека политиката на Холандија е да го врати она што не и припаѓа и дека тоа секогаш го враќа на вистинската културна група или држава.

Слични новости

По 16 убоди со нож раперот Тори Ланез го тужи затвроскиот систем во САД за 100 милиони долари

По 16 убоди со нож раперот Тори Ланез го тужи затвроскиот систем во САД за 100 милиони долари

Раперот Тори Ланез поднесе сојузна тужба против затворскиот систем во Калифорнија, барајќи отштета од 100 милиони долари, откако во затворот во Техачапи друг затвореник го нападна со нож и му нанесе 16 убоди.