Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од булеварот „Македонија“ чија изградба почна вчера и се очекува првата фаза да биде реализирана во рок од 90 дена.

Ѓорѓиевски најави дека следнава недела треба да биде распишана и тендерската постапка за втората фаза, а очекува целата сообраќајница, којашто е околу два километра, да биде завршена до крајот на неговиот мандат.

Рокот на изведба е 90 дена, а од следната недела ќе ја почнеме тендерската постапка за втората фаза која ќе подрзабира два нови кружни текови и влез во подземната сообраќајница. За да не го губиме времето, ќе ја почнеме тендерската постапка наредните 10 дена и верувам дека веднаш по завршување на првата фаза, ќе започнеме со реализација на втората фаза, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

Слични новости

Макпетрол: Намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволно

Макпетрол: Намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволно

Од нафтената компанија „Макпетрол“ сметаат дека намалувањето на цените од 2,5 денари (со ДДВ) за литар на нафтените деривати од страна на ОКТА не е доволно и не го решава проблемот кој го налага моменталната ситуација.