Италијанскиот тенисер Јаник Синер денеска во четвртфиналето на Австралија опен го победи Американецот Бен Шелтон со 3:0 во сетови.

Синер направи брејк уште во четвртиот гем и без проблеми го освои првиот сет со 6:3, а успеа да направи по еден брејк и во следните два сета, за убедливи 3:0.

Синер во полуфиналето ќе игра со Новак Ѓоковиќ, кој победи откако Лоренцо Музети мораше да го предаде мечот поради повреда.

Во второто полуфинале играат првиот носител Карлос Алкараз и третиот носител Александар Зверев.

Слични новости

Голден Стејт Вориорс елиминирани во плеј инот од Феникс

Голден Стејт Вориорс елиминирани во плеј инот од Феникс

Голден Стејт одигра слаб натпревар, а потфрли и првата ѕвезда на тимот Стеф кари кој имаше шут 3 од 10 за тројка.
Со тоа Феникс во првото коло ќе игра против првопласираната Оклахома, а Портланд ќе игра против Сан Антонио.