НАТО каков што го познававме беше сојуз кој беше темел на трансатлантската безбедностповече од 75 години, но сега НАТОсе ближи кон својот крај, рече Рајан Менон професор по меѓународни односи и колумнист на Њујорк тајмс.
Тој смета дека колапсот на НАТО нема да се случи преку ноќ и ќе донесе разни видови на превирања, но дека нема да дојде до катастрофални судири.
Менон смета и дека проблемите на ЕУ нема да завршат со крајот на претседателскиот мандат на Трамп. Актуелната американска политика има поддршка кај приврзаниците на МАГА движењето, а освен тоа, дури и ако побадат демократите на следните избори во САД, фокусот ќе се помести од Европа кон Кина.
Слични новости
Иранската војска повторно ја врати контролата врз Ормутскиот теснец
Иранската војска најави дека повторно ја презема контролата врз Ормускиот Теснец, објавија иранските државни медиуми. Иранската револуционерна гарда во соопштение наведе дека теснецот ќе се врати во претходната состојба и дека со подрачјето ќе управуваат вооружените сили.
Иран делумно го отвори воздушниот простор
Иран денеска делумно го отвори својот воздушен простор за меѓународни летови кои минуваат низ источниот дел од територијата на земјата. Техеран официјално соопшти дека „воздушните рути во источниот дел на земјата се отворени за летови кои транзитираат низ Иран“.
САД одобрија продажба на оружје во вредност од 10 милијарди долари за Германија
Одобрението, како што наведува Вашингтон е дел од зајакнувањето на капацитетите на НАТО сојузниците, пренесе германскиот весник „Шпигл“.


