Празните сметки на над илјада вработени ја запреа работата на Македонски пошти. Синдикатот што го организира протестот велат дека ова не е прво доцнење на платите, ниту, пак, ќе биде последно доколку во најкраток можен рок не им бидат исплатени заработените средства.

Тие алармираат дека проблемите со кои се соочуваат во секојдневното работење се резултат на долгогодишно лошо менаџирање и недомаќинско работење на Поштата.

Од раководството на Македонски пошти велат дека платите ќе бидат исплатени во текот на денот и дека вработените биле навремено информирани за тоа. 

Вработените, покрај неисплатените плати, се жалат и на лоши услови за работа простории без греење и без основни услови за непречено извршување на работните задачи.

 

Слични новости

Уапсен Артан Груби

Уапсен Артан Груби

Артан Груби рано утринава бил уапсен на граничниот премин Блаце, при обид за влез во Македонија од Косово, соопшти МВР. За Артан Груби од претходно е одредена и мерка притвор.