Од денеска ќе биде малку потопло во споредба со вчера. Претпладне ќе биде претежно облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Претпладне ќе има појава на магла во одредени котлини.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7 Целзиусови степени.

Во наредните денови се очекува времето да се стоплува и максималните темпретаури да достигнуваат и до 10 степени, а минималните да бидат над нулата.

Во цела Македонија има снежна покривка, а таа е највисока на Попова шапка 33 сантиметри, во Маврово 15 и во Битола 8 сантиметри.

Слични новости

Уапсен Артан Груби

Уапсен Артан Груби

Артан Груби рано утринава бил уапсен на граничниот премин Блаце, при обид за влез во Македонија од Косово, соопшти МВР. За Артан Груби од претходно е одредена и мерка притвор.