Хјустон ја победи Минесота во дерби меч од Западната конференција на НБА што се одигра утринава со 110:105. Најдобар поединец кај Хјустон беше Кевин Дурант кој даде 39 коша од кои шест тројки, а Алперен Шенгун уфрли 25 коша со 14 скокови.

Кај гостите најдобар беше Џулијус Рендл со 39 коша, а Минесота настапи без најдобриот играч Ентони Едвардс.

Минесота останува во Тексас каде што за помалку од 24 часа ги очекува меч со Сан Антонио Спарс.

Слични новости

Денвер го победи на гости Сан Антонио во дербито на вечерта со нов трипл дабл на Никола Јокиќ

Денвер го победи на гости Сан Антонио во дербито на вечерта со нов трипл дабл на Никола Јокиќ

Никола Јокиќ го забележа својот 26-ти трипл дабл оваа сезона со 31 кош, 20 скокови и 10 асистенции, а Џамал Мари постигна 39 коша, од кои повеќето во второто полувреме кога Денвер направи преврт.