Европска воена мисија денеска почнува на Гренланд, еден ден по средбата во Вашингтон помеѓу претставници на САД, Данска и Гренланд.
Франција, Шведска, Германија, Велика Британија и Норвешка вчера најавија дека ќе распоредат воен персонал на Гренланд за извидувачка мисија.
–Првите француски воени елементи веќе се на пат. И други ќе ги следат, објави претседателот на Франција, Емануел Макрон на платформата Икс.
Во соопштението од германското Министерство за одбрана се наведува дека распоредувањето е „евентуален воен придонес наменет за поддршка на Данска за гарантирање на безбедноста во регионот“.Германија испраќа 13 лица кои од денеска до сабота „ќе го истражуваат Гренланд“.
Британската Влада потврди дека еден британски офицер ќе биде распореден на Гренланд на барање на Данска.
Министрите за надворешни работи на Данска и на Гренланд, Ларс Локе Расмусен и Вивијан Мотцфелд вчера во Белата куќа имаа средба со потпретседателот Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио.
Расмусен ги осуди плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд, за да се спречи напредувањето на Русија и на Кина на Арктикот.
Слични новости
Пентагон испраќа маринци на Блискиот исток
Пентагон ја испраќа на Блискиот исток единицата за брз одговор која ја сочинуваат околу 2.500 маринци и морнари и неколку воени бродови.
Израел планира проширување на копнената операција во Либан
Израел планира значително да ја прошири копнената операција во Либан и да ја заземе територијата јужно од реката Литани, за да ги уништи воените позиции на Хеболах, соопштија израелски и американски службеници.
Погодена американската амбасада во Ирак во ракетен напад
Според податоци на ирачки безбедносни извори амбасадата била погодена од дрон и во нападот бил уништен системот на противвоздушна одбрана на амбасадата.


