Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од снег, попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремен слаб снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне три степени.

Според прогнозата, локални врнежи од снег ќе има и утре претпладне, кога ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи и во понеделник. Од почетокот на следната седмица, под влијание на поле на висок воздушен притисок, се очекува период на стабилно и суво време, при што наместа утринската температура ќе се спушти и под минус десет степени.

 

Слични новости