Јанис Адетокумбо го надигра ветеранот Леброн Џејмс откако во клучните моменти на натпреварот најпрвин му го блокираше шутот, а во следниот напад му ја украде топката. Гркот го заврши мечот со 26 коша, 10 асистенции и 9 скока.

Кај домаќините кои загубија шест од последните девет натпревари Леброн Џејмс даде 26 коша со 10 асистенции, но на крајот беше трагичар на натпреварот.

Словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ го одигра можеби најслабиот натпревар во дресот на Лејкерс. Иако постигна 24 коша, се изнапромаши на натпреварот и го заврши со шут од поле 8 од 25 или 32 насто.

Слични новости

Денвер го победи на гости Сан Антонио во дербито на вечерта со нов трипл дабл на Никола Јокиќ

Денвер го победи на гости Сан Антонио во дербито на вечерта со нов трипл дабл на Никола Јокиќ

Никола Јокиќ го забележа својот 26-ти трипл дабл оваа сезона со 31 кош, 20 скокови и 10 асистенции, а Џамал Мари постигна 39 коша, од кои повеќето во второто полувреме кога Денвер направи преврт.