Во големото дерби од 21-то коло на Премиер лигата Арсенал и Ливерпул ремизираа на Етихад со разочарувачи 0:0, во слаб натпрева кој се играше под силен дожд. Во првото полувреме Арсенал имаше иницијатива и беше подобар во поле, но најголемата шанса ја пропушти Ливерпул кога Бредли ја погоди пречката.

Во вториот дел Ливерпул воспостави контрола врз натпреварот, а Артета не искористи што имаше подолга клупа и не успеа да го смени ритамот на натпреварот ни со пет замени.

Со ова реми, Арсенал ја прекина серијата од седум победи во низа, но ја зачува предноста од 6 бодови предност во Премир лигата, пред второпласираниот Манчестер сити.

Слични новости

Арсенал, Спортинг, Реал Мадрид и ПСЖ први четвртфиналисти во ЛШ

Арсенал, Спортинг, Реал Мадрид и ПСЖ први четвртфиналисти во ЛШ

Најголемо изненадување направи Спортинг од Лисабон кој ја надомести разликата од 3 гола од гостувањето во Боде. Во регуларниот тек од натпреварот Спортинг победи со 3:0, а со два гола во продолженијата вда пати по 15 минути се пласираше во четвртфиналето со победа од 5:0.

Африканската фудбалска федерација му ја одзеде титулата африкански шампион на Сенегал и ја додели на Мароко

Африканската фудбалска федерација му ја одзеде титулата африкански шампион на Сенегал и ја додели на Мароко

Во Сенегал титулата се прославуваше три дена и три ноќи, но Мароко се жалеше и бараше натпреварот да биде службено регистриран со 3:0 за Мароко, а Судот за жалби донесе таква одлука и направи историски преседан.