Судењето на претседателот на Венецуела Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес беше одржано денеска пред федералниот суд во Њујорк според американските обвиненија за криумчарење на дрога и оружје, а двајцата се зијаснија дена се невини.
Мадуро пред судот во Њујорк се појави без лисици. Новото рочиште е закажано за 17 март, јавуваат американските медиуми.
„Јас сум чесен човек претседател на својата земја“, рече Мадуро за време на неговото прво појавување пред судот за обвиненијата за трговија со дрога, тврдејќи дека претходно не го видел обвинението и дека не е запознат со неговите права.
Мадуро на судењето во Њујорк ќе го застапува искусниот адвокат Бери Полак кој го застапуваше оснивачот на Викиликс Џулијан Асанж, покажуваат судските документи.
Пред зградата во судот денеска се собраа две групи демонстранти, едната во знак на поддршка на Мадуро и Флорес, а втората во знак на благодарност до Трамп што го уапси Мадуро.
Слични новости
Пентагон испраќа маринци на Блискиот исток
Пентагон ја испраќа на Блискиот исток единицата за брз одговор која ја сочинуваат околу 2.500 маринци и морнари и неколку воени бродови.
Израел планира проширување на копнената операција во Либан
Израел планира значително да ја прошири копнената операција во Либан и да ја заземе територијата јужно од реката Литани, за да ги уништи воените позиции на Хеболах, соопштија израелски и американски службеници.
Погодена американската амбасада во Ирак во ракетен напад
Според податоци на ирачки безбедносни извори амбасадата била погодена од дрон и во нападот бил уништен системот на противвоздушна одбрана на амбасадата.


