Камерун ја победи Јужна Африка со 2:1 во осминафиналето на Африканскиот куп на нациите во Рабат и обезбеди четвртфинална средба со домаќинот Мароко.
Петкратниот шампион Камерун се покажа како премногу силен на стадионот „Ел Барида“ продолжувајќи го својот од кон титулата во Купот на нациите за да го надомести неуспехот да се квалификува за овогодинешното Светско првенство во Северна Америка.
Головите на Џуниор Чамадеу (34) од Стоук Сити и тинејџерскиот напаѓач на Баер, Кристијан Кофане, ја обезбедија победата за „Нескритливите лавови“, иако мораа да се борат да спречат пресврт во финишот, бидејќи Јужна Африка го намали заостанувањетот преку замената на Орландо, Евидис Макгопа, на две минути пред крајот.
Претходно во неделата Брахим Дијаз го постигна својот четврти гол за Мароко на Африканскиот куп на нациите за да ги одведе домаќините во четвртфиналето со победа од 1:0 над Танзанија во осминафиналето во Рабат.
Во многу напнат натпревар, Мароко доминираше во поседот на топката, но и Танзанија имаше неколку шанси, а Симон Мсува и Фејсал Салум пропуштија одлични шанси за источноафриканската селекција, при резултат 0:0. Капитенот на Мароко, Ашраф Хакими, ја погоди стативата во 60. минута а само четири минути подоцна му ја додаде топката на Дијаз од десната страна на шеснаесетникот, а играчот на Реал Мадрид постигна гол од мртов агол кога повеќето очекуваа центаршут. Голот на Дијаз им обезбеди на Мароканците пласман во четвртфиналето и средба со Камерун на 9 јануари.
Слични новости
Арсенал, Спортинг, Реал Мадрид и ПСЖ први четвртфиналисти во ЛШ
Најголемо изненадување направи Спортинг од Лисабон кој ја надомести разликата од 3 гола од гостувањето во Боде. Во регуларниот тек од натпреварот Спортинг победи со 3:0, а со два гола во продолженијата вда пати по 15 минути се пласираше во четвртфиналето со победа од 5:0.
Африканската фудбалска федерација му ја одзеде титулата африкански шампион на Сенегал и ја додели на Мароко
Во Сенегал титулата се прославуваше три дена и три ноќи, но Мароко се жалеше и бараше натпреварот да биде службено регистриран со 3:0 за Мароко, а Судот за жалби донесе таква одлука и направи историски преседан.
По елиминацијата на Манчестер сити од Реал Мадрид Пеп Гвардиола најави дека останува во Манчестер
Иако многумина веруваат дека ова му е последна сезона на Гвардиола на клупата на Манчестер тој на прес конференција изјави дека неговиот договор истекува во 2027.


