Жителите на главниот град на Венецуела каракас масовно купуваат намирници додека се шири неизвесност откако САД го киднапираа венецуелскиот претседател Никола Мадуро и го изнесоа од земјата.

Пред пазарите и аптеките се формирани долги редови, додека некои од жителите на Каракас се подготвуваат да го напуштат градот, пренесува Еуроњуз.

Во делови на каракас се присутни полициски возила и вооружени полицајци.

Американскиот претседател Трамп изјави дека САД ќе управуваат со Венецуела додека не се воспостави разумна транзиција на власта и додаде дека американските нафтени компании ќе ја експлоатираат нафтата во Венецуела.  

Слични новости