Претседателот на Америка Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе управуваат со Венецуела во наредниот период и порача дека Вашингтон е повторно подготвен да нападне ако има потреба. Тој нагласи дека американските нафтени компании ќе учествуваат „во обновата на нафтената инфраструктура“ на Венецуела.

“Доцна синоќа и рано утринава оруќените сили на САД изведоа воена операција во главниот град на Венецуела. Огромната моќ на американската војска е користена за да се спроведе огромен напад каков што не е виден од Втората светска војна,“ рече Трамп. 

Американскиот претседател порача дека нападот беше насочен кон тоа да го приведе Николас Мадуро на правдата. „Ниедна држава на светот не можеше да го направи она што го постигнаа САД“ изјави Трамп на конференцијата за новинарите.

Тој изјави дека САД „ќе ја водат Венецуела“ се до „мирно и правно предавање на власта“. Трамп нагласи дека ниту еден американски војник не загинал за време на воената операција.

Трамп рече дека нафтениот бизнис во Венецуела е лош и дека големите нафтени компании на САД ќе инвестираат и ќе ја поправат инфратсруктурата.

Венецуела е земја со најголеми залихи на нафта во светот.

Слични новости

Нови израелски напади врз Бејрут

Нови израелски напади врз Бејрут

Израелски воздушен напад утрово погоди станбена зграда во Башура, централен Бејрут. Големи облаци чад се издигаа од местото додека автомобилите минуваа покрај него.

Иран без клучен стратег во војната по убиството на Али Лариџани

Иран без клучен стратег во војната по убиството на Али Лариџани

Лариџани не беше воен командант, но играше централна улога во обликувањето на стратешките одлуки на Иран. Тој беше на чело на донесувањето одлуки за војната, дипломатијата и безбедноста, особено во односите со САД и Израел