Американското Федерално биро за истраги (FBI) соопшти во петокот дека спречило потенцијален терористички напад на Нова година во сојузната држава Северна Каролина.
Осумнаесетгодишен маж планирал да нападне луѓе со ножеви и чекани во продавница и ресторан за брза храна во градот Минт Хил, изјави детективот Рас Фергусон во петокот.
Прелиминарната истрага сугерира дека американскиот државјанин дејствувал сам и сега е во притвор.
Осумнаесетгодишникот се заколнал на верност на ултрарадикалната џихадистичка групација Исламска држава и признал дека сакал да убива Американци за време на новогодишната прослава, изјави агентот на FBI, Џејмс Баркал помладиот.
Белешките пронајдени кај приведениот укажуваат дека неговите главни цели биле Евреи, христијани и членови на ЛГБТ+ заедницата. Осомничениот бил радикализиран како тинејџер пред неколку години.
Американската државна обвинителка Пам Бонди претходно објави дека кон средината на декември FBI спречило терористички напади планирани за Нова година во Калифорнија.
Според податоците што ги соопшти Бонди, нападите биле планирани во Лос Анџелес и блискиот округ Оринџ. Бонди тврди дека нападите биле планирани од левичарски екстремистички, пропалестински, антивладини и антикапиталистички групи кои подготвувале серија бомбашки напади.
Слични новости
Пентагон испраќа маринци на Блискиот исток
Пентагон ја испраќа на Блискиот исток единицата за брз одговор која ја сочинуваат околу 2.500 маринци и морнари и неколку воени бродови.
Израел планира проширување на копнената операција во Либан
Израел планира значително да ја прошири копнената операција во Либан и да ја заземе територијата јужно од реката Литани, за да ги уништи воените позиции на Хеболах, соопштија израелски и американски службеници.
Погодена американската амбасада во Ирак во ракетен напад
Според податоци на ирачки безбедносни извори амбасадата била погодена од дрон и во нападот бил уништен системот на противвоздушна одбрана на амбасадата.


