Германските граѓани се сè повеќе загрижени за своите работни места, според анкета на консултантската фирма EY, објавена од весникот Die Welt.

Своите работни места ги сметале за „многу несигурни“ или „прилично несигурни“ во 2025 година дури 16 отсто од испитаниците, што е највисоко ниво на загриженост од 2009 година кога 22 проценти од испитаниците ги сметале своите работни места за несигурни поради глобалната финансиска криза.

Во споредба со претходната 2024 година, уделот на оние кои се загрижени се зголемил за три отстотни поени. Во споредба со 2023 година, пак, се зголемил за пет отстотни поени.

За 84 отсто од испитаниците, нивната работа е сигурна и покрај економскиот пад, а 45 отсто ја сметале за многу сигурна.

„Забележуваме постепено намалување на сигурноста на работното место, но општото расположение сè уште не е целосно песимистичко. Повеќето луѓе не си дозволуваат да паничат“, изјави извршниот директор на EY, Хенрик Алерс додавајќи дека постои голема веројатност дека довербата ќе се врати откако економијата ќе се опорави.

Анкетата е спроведена во ноември и биле анкетирани повеќе од 1.000 луѓе.

Исто така, постојат значајни генерациски разлики кога станува збор за анксиозноста околу работата.

Генерацијата „Бејби-Бум“ има најголема доверба, при што само десет отсто од оние над 55 години се загрижени за своите работни места, додека надпросечните 17 отсто загрижени доаѓаат од оние на возраст од 36 до 45 години, а 21 отсто од оние под 35 години.

Приходот, исто така, игра значајна улога.

Меѓу оние со ниски приходи и годишни приходи помали од 25.000 евра, 36 отсто се загрижени за своите работни места. Меѓу оние со плата поголема од 70.000 евра, само осум отсто се загрижени.

Загриженоста за работата е придружена со намалени очекувања во врска со нивната лична финансиска состојба.

Само 17 отсто очекуваат да имаат повеќе пари на располагање во новата година. Спротивно на тоа, 26 отсто стравуваат дека нивната финансиска состојба ќе се влоши.

„Продолжуваме да гледаме многу скептицизам кај населението, како во однос на нивната сопствена финансиска состојба, така и во однос на економијата“, рече шефот на EY, Алерс.

„Многу луѓе и натаму се многу претпазливи и се воздржуваат од големи купувања“, додаде тој.

Според Германскиот социјален сојуз, најголемите грижи на граѓаните се достапните станови, полн фрижидер на крајот од месецот, топол дом и работа што им овозможува да живеат без сиромаштија.

„И покрај сите оправдани потреби за реформи во области како што се пензиите, здравствената заштита и грижата, задача на политичарите е да испратат јасни сигнали за безбедност и доверба“, изјави претседателката на Алијансата, Михаела Енгелмаер апелирајќи до владата да стави акцент на вклучувањето на граѓаните во 2026 година и да не ги плаши секој ден со нови идеи и нејасни барања.

globe

Слични новости

Компанијата на Доналд Трамп ќе гради небодер во Австралија вреден 900 милиони евра

Компанијата на Доналд Трамп ќе гради небодер во Австралија вреден 900 милиони евра

Американската компанија во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор за изгардба на својот прв небодер во Австралија вреден 1,5 милијарди австралијански долари или 900 милиони американски долари.

Кина ги повика САД да ги укинат едностраните царини

Кина ги повика САД да ги укинат едностраните царини

Кинеското министрство за трговија соопшти дека врши „целосна проценка“ на пресудата со која Врховниот суд на Соединетите Американси Држави минатата недела ги укина царините што САД ги воведоа за голем број на земји

Кина ги надмина САД како главен трговски партнер на Германија

Кина ги надмина САД како главен трговски партнер на Германија

Кина ги претекна САД како главен трговски партнер на Германија, покажуваат податоците на германскиот Сојузен завод за статистика, додека канцеларот Фридрих Мерц се подготвува за првата посета на Пекинг од стапувањето на должноста