Очекуваниот животен век во Македонија се зголеми за една година и достигна 76,6 години, но земјата продолжува да се соочува со негативен природен прираст. Во 2024 година се родиле 16.061 деца, а починале 20.201 лица, што значи намалување на населението за над 4.000 жители.

Позитивен прираст имало само во Скопскиот регион, додека во останатите региони бројот на починати значително го надминал бројот на родени. Бројот на бракови лани се намалил за 1.600, а разводите се зголемиле за 259. 

Државниот завод за статистика објави дека просечниот очекуван животен век во земјава е зголемен за една година на 76,63 години, споредено со 75,32 во 2023 година. Подолговечни се жените со просек од 78,86 години, односно речиси четири ипол години повеќе од мажите чиј животен век е 74,48 години.

 

Слични новости

Макпетрол: Намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволно

Макпетрол: Намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволно

Од нафтената компанија „Макпетрол“ сметаат дека намалувањето на цените од 2,5 денари (со ДДВ) за литар на нафтените деривати од страна на ОКТА не е доволно и не го решава проблемот кој го налага моменталната ситуација.