Утрово во Македонија се измерени многу ниски минимални температури.  Најстудено беше во Берово со -13 степени. Во Скопје-Петровец и Струмица се измерени -11, во Битола -10, степени.

Во текот на денот, како што соопшти УХМР, времето ќе биде променливо облачно и студено, со повремени сончеви периоди.

Попладне, претежно во западните делови, се очекува појава на повремен локален дожд, додека на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а на места и засилен ветер од јужен правец.

Максималните дневни температури ќе се движат од 2 до 6 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено, со умерен јужен ветер, а максималната температура ќе достигне околу 3 степени.

 

Слични новости