Претседателот на Украина Володимир Зеленски најави дека на 5 и 6 јануари ќе бидат одржани клучни состаноци во врска со мировниот процес за окончување на руско-украинската војна.

Тој прецизираше дека на 5 јануари ќе биде одржан состанок на начелниците на генералштабовите на земјите партнери, каде што главна тема ќе бидат безбедносните гаранции за Украина, а дека состанокот на ниво на лидери на европски земји е планиран за 6 јануари.

„Политичките договори се речиси подготвени, но потребно е детално да бидат разработени како точно гаранциите ќе функционираат на копно, во воздух и на море по окончување на војната“ најави Зеленски во видео обраќањето до Украинците.

 

 

Слични новости