Повредата на коленото на српскиот кошаркар Никола Јокиќ „не е толку сериозна како што изгледаше на почетокот“, објави денеска Денвер.
Во клупското соопштение се прецизира дека станува збор за хиперекстензија на левото колено.
Сепак, српскиот центар ќе биде надвор од терените најмалку четири недели, што значи дека Денвер ќе биде без својот најдобар играч околу еден месец.
Најдобриот кошаркар на Денвер го повреди левото колено изминатата ноќ на дуелот на гостински терен против Мајами.
Јокиќ оваа сезона има просек од 29,9 поени по натпревар и до повредата најдобар во лигата според бројот на скокови и асистенции.
Слични новости
Арсенал, Спортинг, Реал Мадрид и ПСЖ први четвртфиналисти во ЛШ
Најголемо изненадување направи Спортинг од Лисабон кој ја надомести разликата од 3 гола од гостувањето во Боде. Во регуларниот тек од натпреварот Спортинг победи со 3:0, а со два гола во продолженијата вда пати по 15 минути се пласираше во четвртфиналето со победа од 5:0.
Африканската фудбалска федерација му ја одзеде титулата африкански шампион на Сенегал и ја додели на Мароко
Во Сенегал титулата се прославуваше три дена и три ноќи, но Мароко се жалеше и бараше натпреварот да биде службено регистриран со 3:0 за Мароко, а Судот за жалби донесе таква одлука и направи историски преседан.
По елиминацијата на Манчестер сити од Реал Мадрид Пеп Гвардиола најави дека останува во Манчестер
Иако многумина веруваат дека ова му е последна сезона на Гвардиола на клупата на Манчестер тој на прес конференција изјави дека неговиот договор истекува во 2027.


