Сообраќајот кон ГП Ќафасан уште е во прекин во двата правци поради сообраќајна незгода, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Вчера, 30 декември, околу пладне, цистерна се преврте на патот, блокирајќи го пристапот до Ќафасан од Струга.
Oд друга страна, утринава, 31 декември, отворен е за сообраќај магистралниот пат А3 Штип-Кочани кој беше во прекин од 20.30 часот вчера поради сообраќајна несреќа. Две повредени лица се однесени во штипската меѓу селата Долни Подлог и Тракање.
Од вчера, од 15:00 часот, има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат Р1101.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Слични новости
Протест на ССМ за зголемување на минималната плата на 600 евра
Сојузот на синдикатите на Македонија денеска во Скопје ќе одржи работнички протест со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари.
Макпетрол: Намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволно
Од нафтената компанија „Макпетрол“ сметаат дека намалувањето на цените од 2,5 денари (со ДДВ) за литар на нафтените деривати од страна на ОКТА не е доволно и не го решава проблемот кој го налага моменталната ситуација.
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека протестот на ССМ го координира опозициската СДСМ
Од СДСМ и ССМ веќе не се ни кријат за соработката која ја имаат со една единствена цел, а таае да ѝ наштетат на владата – порече Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.


