Уште пред финалните натпревари во групите Е и Ф, кои се закажани за средата, познати се сите 16 национални селекции кои се квалификуваа за осминафиналето на африканскиот Куп на нациите, кој се одржува во Мароко.
Последните четири натпревари само ќе го решат конечниот пласман во групите Е и Ф, по што ќе бидат познати сите двојки.
Продолжување на натпреварувањето изборија Мароко, Мали, Египет, Јужна Африка, Нигерија, Тунис, Танзанија, Сенегал, ДР Конго, Бенин, Алжир, Буркина Фасо, Судан, Камерун, Брегот на Слоновата Коска и Мозамбик
Мато (75) постигна гол за Уганда. Уганда го заврши натпреварот со играч помалку откако Салим Џамал беше исклучен во 56-та минута.
Во другиот натпревар вечерва, Тунис и Танзанија одиграа нерешено 1:1, што беше доволно за двата тима да продолжат натаму. Тунис поведе во 43. минута со гол од пенал на Исмаел Гарби, а Фејсул Салум израмни во 48. минута.
Нигерија победи во групата со девет бода, Тунис има четири, Танзанија два, а Уганда еден бод.
Познати се и четирите двојки од осминафиналето, Мали – Тунис, Мароко – Танзанија, Египет – Бенин и Алжир – ДР Конго.
Во последното коло од Групата Д, Сенегал го победи Бенин со 3:0 и го освои првото место во групата. Стрелци беа Абдулаје Сек (38), Хабобу Дијало (62) и Шериф Ндијаје (90+7-11м). Сенегал го заврши натпреварот со играч помалку откако Калиду Кулибали беше исклучен во 71. минута.
ДР Конго, исто така, беше успешен победувајќи ја Боцвана со 3:0. Головите за ДР Конго ги постигнаа Натанаел Мбуку (31) и Гаел Какута (41, 60).
Сенегал на крајот го освои првото место во групата поради предност од два гола во однос на ДР Конго, додека Бенин се пласираше на третото место.
Во претходниот натпревар одигран во Групата Ц, Нигерија, Тунис и Танзанија се пласираа.
Нигерија ја победи Уганда со 3:1 во последното коло, забележувајќи ја својата трета победа на турнирот. Пол Онуачу (28) и Рафаел Оњедика (62, 67) беа стрелци за победничкиот тим, додека Роџерс
Интересно е што Танзанија се искачи на второто место со само два бода, што никогаш претходно не се случило на африканско првенство. Коморите и Ангола исто така имаа два бода, но со полоша гол-разлика.
Двете најдобри екипи од секоја од шесте групи, како и четирите најдобри третопласирани екипи, ќе се квалификуваат за осминафиналето.
Последните натпревари во групите Е (Екваторијална Гвинеја – Алжир, Судан – Буркина Фасо) и Ф (Брегот на Слоновата Коска – Габон, Камерун – Мозамбик) се закажани за среда.
Слични новости
Арсенал, Спортинг, Реал Мадрид и ПСЖ први четвртфиналисти во ЛШ
Најголемо изненадување направи Спортинг од Лисабон кој ја надомести разликата од 3 гола од гостувањето во Боде. Во регуларниот тек од натпреварот Спортинг победи со 3:0, а со два гола во продолженијата вда пати по 15 минути се пласираше во четвртфиналето со победа од 5:0.
Африканската фудбалска федерација му ја одзеде титулата африкански шампион на Сенегал и ја додели на Мароко
Во Сенегал титулата се прославуваше три дена и три ноќи, но Мароко се жалеше и бараше натпреварот да биде службено регистриран со 3:0 за Мароко, а Судот за жалби донесе таква одлука и направи историски преседан.
По елиминацијата на Манчестер сити од Реал Мадрид Пеп Гвардиола најави дека останува во Манчестер
Иако многумина веруваат дека ова му е последна сезона на Гвардиола на клупата на Манчестер тој на прес конференција изјави дека неговиот договор истекува во 2027.


