Мирот во Украина може да се постигне за неколку седмици, изјави во вторникот полскиот премиер Доналд Туск по разговорите со челнциите на европските земји, Канада и НАТО.
Уверувањето на Туск доаѓа и покрај предупредувањето на Кремљ дека ќе ја заостри својата преговарачка позиција откако го обвини Киев за напад врз резиденцијата на претседателот Владимир Путин. Киев тврди дека обвинувањето е неосновано и насочено кон продолжување на конфликтот.
„Мирот е на повидок, нема сомнение дека се случија работи што даваат причина за надеж дека оваа војна може да заврши, и тоа доста брзо, но тоа сепак е надеж, далеку од 100 отсто сигурна“, рече Туск на седницата на полската влада.
„Кога велам дека мирот е на повидок, зборувам за наредните седмици а не за месеци или години. До јануари, сите треба да се собереме… за да донесеме одлуки за иднината на Украина, за иднината на овој дел од светот“, додаде полскиот премиер.
Туск рече дека безбедносните гаранции што САД му ги нудат на Киев се причина да се надева дека конфликтот наскоро ќе заврши, но и дека Киев ќе мора да се согласи на компромис кога станува збор за губењето територии.
Американскиот претседател Доналд Трамп по разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата изјави дека се „сѐ поблиску, можеби и многу блиску“ до договор за завршување на војната, иако сè уште има „чувствителни прашања“.
Зеленски рече дека прашањето за контролата врз нуклеарната централа Запорожје, која е во руски раце уште од почетокот на војната, сè уште не е решено, како и судбината на Донбас во источна Украина, што е во спротивност со она што го тврди Трамп и американските преговарачи.
Русија сака Киев да се повлече од малите рабни но клучни за украинската одбрана утврдени населби од регионот Доњецк кои сѐ уште ги контролира Украина. Киев, исто така, сака борбите да престанат додека се водат преговори по сегашните линии на фронтот, а Вашингтон предлага своевидна зона на слободна трговија доколку украинските трупи се повлечат. Москва, пак, е истрајна на своето барање за целосно повлекување на украинските трупи од историската област Донбас.
Слични новости
Иран го нападна Тел Авив со касетни бомби како одмазда за убиството на Лариџани
Иран како одмазда за убиството на Али Лариџани го нападна Тел Авив со касетни бомби. Според извештаите, во нападот се убиени најмалку две лица.
Нови израелски напади врз Бејрут
Израелски воздушен напад утрово погоди станбена зграда во Башура, централен Бејрут. Големи облаци чад се издигаа од местото додека автомобилите минуваа покрај него.
Иран без клучен стратег во војната по убиството на Али Лариџани
Лариџани не беше воен командант, но играше централна улога во обликувањето на стратешките одлуки на Иран. Тој беше на чело на донесувањето одлуки за војната, дипломатијата и безбедноста, особено во односите со САД и Израел


