Нафтениот гигант BP продава 65 отсто од од акциите на „Castrol“ на американската инвестициска фирма „Stonepeak“ за околу шест милијарди долари, што е клучен чекор во стратегијата на BP за продажба на средства од 20 милијарди долари, насочена кон намалување на долгот и зголемување на финансиските приноси.
Договорот од средата ја проценува вредноста на „Castrol“ на 10,1 милијарди долари и претставува најамбициозна продажба на средства на британската компанија досега, додека таа се стреми да ги рационализира своите операции и да ги намали инвестициите во обновлива енергија по години заостанување зад конкурентите во цената на акциите.
ВР ќе задржи 35 отсто од акциите во новото заедничко вложување со „Stonepeak“, кое може да го продаде по двегодишниот таканаречен „лок-ин“ период.
Акциите на ВР пораснаа за повеќе од 1 отсто во средата по објавувањето, но потоа паднаа за 0,1 отсто.
„Продолжуваме да се прашуваме за рационалноста на одлуката за продажба на Castrol, компанија со висок приход и ниска волатилност, бидејќи на крајот е штетна за долгорочната одржливост на дивидендите и квалитетот на заработката на бизнисот“, велат аналитичарите на RBC.
Продажбата вклучува забрзани исплати на дивиденда од 800 милиони долари, за кои ВР се одлучи претходно оваа година.
BP ќе ги искористи приходите од продажбата за намалување на долгот, продавајќи средства во вредност од 20 милијарди долари за да го намали нето долгот од 26 милијарди долари на помеѓу 14 и 18 милијарди долари до крајот на 2027 година, се вели во соопштението.
По затворањето на договорот со „Castrol“, завршените и објавени приходи од продажба на ВР изнесуваат вкупно приближно 11 милијарди долари.
Во посебна изјава, „Stonepeak“ објави дека Инвестицискиот одбор на Канадскиот пензиски план ќе инвестира до 1,05 милијарди долари како дел од договорот и ќе стекне индиректен удел во Кастрол.
Минатата седмица BP ја именуваше Мег О’Нил од „Woodside Energy“ за свој следен извршен директор, преземајќи ја функцијата од Мареј Очинклос.
Во октомври, новиот претседател на ВР, Алберт Манифолд, им порача на вработените дека портфолиото на групацијата е „премногу сложено“ и дека треба брзо да се префокусира на својот бизнис со нафта и гас, а компанијата од август бара начин најдобро да управува и да профитира од своите ресурси за нафта и гас и размислува за натамошно намалување на трошоците за да се зголеми приносот за акционерите.
Слични новости
Јапонија има намера да ги заостри регулативите за големите соларни електрани
Јапонската влада ќе ги заостри регулативите и ќе ја суспендира финансиската поддршка за големи проекти за соларна енергија за заштита на животната средина, безбедноста и зачувување на пејзажот, соопштија претставници на министерството за индустрија и животна средина
„Euroclear“ одмрзна дел од средствата на Евроазиската банка што ги сметаше за руски
Белгиската клириншка куќа „Euroclear“ деблокираше дел од средствата на Евроазиската банка за развој (ЕАБР) што ги сметаше за руски, изјави претходно седмицава министерот за финансии на Казахстан
Американската економија забрза во третиот квартал
Американската економија забрза во третиот квартал, поттикната од силната лична потрошувачка, извозот и владините трошоци, покажаа прелиминарните проценки од Министерството за трговија


