Русија планира да инсталира нуклеарна централа на Месечината во текот на следната деценија за да ја напојува својата лунарна вселенска програма и заедничката руско-кинеска истражувачка станица, додека големите сили брзаат да го истражат единствениот природен сателит на Земјата.
Откако советскиот космонаут Јуриј Гагарин стана првиот човек што отиде во вселената во 1961 година, Русија се гордее како водечка сила во истражувањето на вселената, но последните децении заостанува зад САД и сè повеќе зад Кина.
Амбициите на Русија претрпеа тежок удар во август 2023 година кога нејзината беспилотна мисија „Луна-25“ се урна во површината на Месечината додека се обидуваше да слета на темната страна на небсекото тело, а Елон Маск ги револуционизираше лансирањата на вселенски летала – некогаш руска специјалност.
Руската државна вселенска корпорација „Роскосмос“ објави планови за изградба на лунарна електрана до 2036 година, потпишувајќи договор со воздухопловната компанија „Лавочкин Асошиејшн“.
„Роскосмос“ соопшти дека целта на електраната е да ја напојува руската лунарна програма, вклучувајќи ровери, опсерваторија и инфраструктура за заедничката руско-кинеска меѓународна лунарна истражувачка станица.
„Проектот е важен чекор кон создавање трајно функционална научна лунарна станица и премин од еднократни мисии кон долгорочна програма за истражување на Месечината“, соопшти „Роскосмос“.
„Роскосмос“ не кажа конкретно дека електраната ќе биде нуклеарна, но рече дека меѓу учесниците се руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ и Институтот Курчатов, водечкиот руски институт за нуклеарни истражувања.
Шефот на „Роскосмос“, Дмитриј Баканов, во јуни изјави дека една од целите на корпорацијата е да инсталира нуклеарна електрана на Месечината и да ја истражи Венера, позната како „сестринска“ планета на Земјата.
Месечината, која е оддалечена 384.400 км од нашата планета, го ублажува нишањето на Земјата околу нејзината оска, што обезбедува постабилна клима. Исто така, предизвикува плима и осека во светските океани.
Слични новости
NORAD го следи патувањето на Дедо Мраз 70 години
Дедо Мраз ја возеше својата санка влечена од ирваси преку покривите низ целиот свет во четвртокот навечер, доставувајќи подароци на милиони деца во магичен божикен ритуал
Божикниот џез концерт во Центарот Кенеди откажан поради додавањето на името на Трамп
Планираниот божикен џез концерт во Центарот Кенеди е откажан, а домаќинот на традиционалниот годишен концерт ја припишува одлуката на додавањето на името на републиканскиот претседател Доналд Трамп во институцијата во Вашингтон
Венус Вилијамс се омажи за италијански актер
Американската тенисерка Венус Вилијамс, победничка на седум Гренд-слем турнири, се омажи за италијанскиот актер Андреа Прети, а втората венчавка се одржа во Палм Бич, на Флорида


