Три пушки, 20 пиштоли и 5.750 куршуми биле фатени вчера во акција на бугарските и македонските служби. Пратката оружје во шлепер со македонски таблички е запрена на „Капитан Андреево“, граничниот премин меѓу Бугарија и Турција и најголемиот граничен премин во Југоисточна Европа.
Како што соопшти македонското МВР, со брза размена на информации преку SELEC Центарот со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија, Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција на македонското МВР спречиле нелегален транспорт на оружје од Република Турција преку Република Бугарија за Македонија.
Имено, во текот на ноќта 24/25.12.2025, по преземени мерки и активности во координација со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија на Граничниот премин „Капитан Андреево” извршен е претрес на товарно возило „Волво“ со македонски национални ознаки, при што во товарниот простор се пронајдени и одземени три пушки, 20 пиштоли и 5750 куршуми.
По целосно документирање на случајот и утврдување на сите инволвирани лица во случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопшти македонското МВР.
Слични новости
Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека токсиколошките анализи за смртта се нецелосни
Родителите на загинате во дискотекат,,Пулс“ се сомневаат дека токсиколошките анализи за причините за смрт на нивните деца не се целосни и бараат дополнителни вештачења
Tошковски: Ако е дозволено 50 км/ч „Безбеден град“ ќе регистрира прекршок од 57 км/ч
Отстапките, односно толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“, ќе бидат идентични со оние што веќе се применуваат кај останатите полициски радари, појасни министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тоа значи толеранција од 6 километри на час за брзини до 100 км/ч
СДСМ бара истрага од ОЈО за загубите во ЕСМ, каде завршија 100 милиони евра
СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за загубите од 100 милиони евра и да утврди одговорност.


