Денот после Божик, таканареќениот Боксинг деј, отсекогаш бил резервиран за многубројни натпревари од англиската Премиер лига, но годинава нема да биде така и ќе се одигра само еден натпревар Манчестер јунајтед-Њукасл.
Љубителите на фудбалот во Англија се шокирани затоа што се урива важна традиција на англискиот фудбал, а Премиер лигата објасни дека одлуката за само еден натпревар е донесена поради згузнатиот распоред и обврските со договорите за телевизиски права, 33 викенди да има телевизиски преноси.
Затоа сите други натпревари од Боксинг деј што се паѓа во петок, се префрлени за во сабота и недела. Премиер лигата вети дека следната година ќе се погрижи да има повеќе натпревари за Боксинг деј.
Слични новости
Лука Дончиќ се опорави од повредата и ќе игра против Хјустон
Суперѕвездата на ЛА Лејкерс Лука Дончиќ се опорави од повредата и ќе игра на мечот против Хјустон Рокетс, кој е закажан за 26 декември пренесе американската телевизија ЕСПН.
Сан Антонио по вторпат го победи шампионите, прекината низата победи на Денвер
Сан Антонио Спарс станаа првиот тим во новата НБА сезона што им нанесе два пораза на бранителите на титулата од Оклахома Сити, победувајќи ги на Бадник во нивниот „Фрост Бенк Центар“ со резултат од 130:110
Арсенал во полуфиналето на Лига купот
Арсенал се пласираше во полуфиналето на англискиот Лига куп откако го победи Кристал Палас со 8:7 на пенали во нивниот четвртфинален натпревар на стадионот „Емирати“


