СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за загубите од 100 милиони евра и да утврди одговорност. Кој ќе одговара за загубите од над 100 милиони евра? Кој профитира од увозот на струја. Зошто навреме не биле обезбедени енергенси, мазут на пример? Кој заработува додека народот плаќа?, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, посочувајќи дека работењето на ЕСМ резултирало со сериозни финансиски загуби.

„77 милиони евра загуба за само првите два квартали од 2025 година а проекцијата е дека ќе достигне над 100 милиони евра загуба до крајот на оваа година.”, потенцираше Димитријевиќ

Тој посочи дека причините за овие загуби се директно поврзани со начинот на управување со енергетскиот сектор, а Владата ја доведе ЕСМ до финансиски колапс.

„За само година и половина, со Божиновска на чело на овој сектор, Владата ја доведе ЕСМ до финансиски и производствен колапс. Не се произведува доволно струја дома, се увезува скапа струја од надвор, појасни Димитријевиќ.

Тој нагласи дека ваквите политики директно ја оштетуваат државата и граѓаните.

„Наместо да се произведува дома, којашто државата ќе ја чини 80 – 90 евра мегават час, владата купува струја за 140 евра мегават часови. СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за овие загуби од 100 милиони евра и да утврди одговорност, посочи Димитријевиќ.

globe

Слични новости

Сиљановска Давкова: Мора да добиеме гаранции дека нема да нѐ туркаат да расправаме за идентитетски прашања

Сиљановска Давкова: Мора да добиеме гаранции дека нема да нѐ туркаат да расправаме за идентитетски прашања

Консензус треба да има околу тоа дека не смее да има двојни стандарди за членството во ЕУ. Консензус треба да има околу тоа дека ние сме рекордер по уставни измени на барање на ЕУ, дури и името го сменивме без да постои консензус но не добивме ниту почеток на преговори. Консензус треба да има за тоа дека ако се повикуваме на принципи тие треба да важат за сите. Ако Советот на Европа формирал суд за човекови права пресудите треба да се спроведуваат, рече претседателката Сиљановска Давкова вечерва во гостување на ТВ Канал 5.

Обвинителство за случајот „Пулс“: Причината за смртта на секој од починатите е неоспорно докажана

Обвинителство за случајот „Пулс“: Причината за смртта на секој од починатите е неоспорно докажана

Откако Здружението на граѓани „16 март 2025“ алармираше за сериозен јаз помеѓу институционалните тврдења и документацијата за обдукција, што покренува прашања за тоа дали вистинската причина за смртта на жртвите во клубот е доволно утврдена

Мицкоски: Владата има внатрешна мобилизација за реализација на Реформската агенда

Мицкоски: Владата има внатрешна мобилизација за реализација на Реформската агенда

Имаме внатрешна мобилизација на Владата и институциите, и на седум до десет денови правиме координација во мојот кабинет за да го следиме статусот на секој чекор, потребен за исполнување на Реформската агенда, истакна премиерот Христијан Мицкоск