Музичката суперѕвезда Тејлор Свифт повторно ја покажа својата дарежливост со донирање на 1 милион долари на „Feeding America“ само неколку дена пред Божиќ, објави непрофитната организација во вторник.
„Feeding America“ надгледува национална мрежа на банки за храна, народни кујни и локални програми за исхрана, пишува CBS News.
Извршната директорка Клер Бабино-Фонтенот изјави дека организацијата е „исклучително благодарна“ за донацијата.
„Оваа празнична сезона, континуираната поддршка на Свифт е моќен потсетник за тоа што е можно кога се обединуваме за да го ставиме крај на гладот, изјави Бабино-Фонтенот преку Instagram. „Кога соработуваме со луѓето што се соочуваат со глад, можеме да обезбедиме семејствата да имаат полна маса оваа празнична сезона и понатаму“.
Свифт јавно не ја објави донацијата. Гестот доаѓа во време кога многумина во САД се борат со недостиг на храна. Според неодамнешното истражување на Универзитетот Пердју, околу 14% од американските домаќинства пријавиле несигурност во храната помеѓу јануари и октомври 2025 година. Бабино-Фонтенот минатиот месец изјави дека „Feeding America“ има поголема побарувачка отколку што може да задоволи.
„За жал, редовите се подолги од достапната храна“, рече таа.
И ова не е единствената донација која Тејлор ја направи во пресрет на новогодишните и божиќни празници.
Американската асоцијација за срце вчера објави дека Тејлор му оддава почит на својот татко по операцијата на срцето со седумцифрена донација кон нив.
AHA ја објави донацијата од 1 милион долари на Тејлор, велејќи дека таа „ја дала својата донација во чест на својот татко, Скот Свифт, за чија срцева состојба се зборуваше претходно оваа година“.
Скот беше подложен на петкратна бајпас операција ова лето, а Тејлор и нејзиниот брат, Остин, беа до својот татко во текот на целата операција и процесот на закрепнување.
AHA вели дека огромната донација на Тејлор ќе ги забрза нивните напори за спречување и лекување на срцеви заболувања, водечка причина за смрт во земјата.
Ова не е првпат Свифт да се најде во насловните страници со своите донации. Пејачката донираше 100.000 долари на семејството на локален радио водител кој беше убиен во пукотница на победничката парада на Канзас Сити Чифс во февруари 2024 година. Таа, исто така, донираше 1 милион долари за помош на жртвите од разорните торнада во Тенеси во 2023 година.
Милијардерката, која сама го направи богатството, е позната и по тоа што им даде дарежливи бонуси на сите членови на нејзината рекордна турнеја „Ера“.
Слични новости
Венус Вилијамс се омажи за италијански актер
Американската тенисерка Венус Вилијамс, победничка на седум Гренд-слем турнири, се омажи за италијанскиот актер Андреа Прети, а втората венчавка се одржа во Палм Бич, на Флорида
Лувр ја врати безбедносната решетка по големиот грабеж
Музејот Лувр во вторникот постави голема метална решетка над прозорецот на галеријата од која крадците украдоа крунски накит во вредност од околу 102 милиони долари
Шпанската божикна лотарија исплати рекордни 2,77 милијарди евра добивки
Само два дена пред Божик, легендарната божикна лотарија на Шпанија исплати невидени 2,77 милијарди евра (3,25 милијарди долари) добивки


