По два месецa од конституирањето, Советот на Општина Струга сѐ уште не може да избере претседател, известува охридската ТВМ.
Поради тоа, Советот е нефункционален во делот на раководење и усвојување одлуки, бидејќи формално нема лице кое може да ги води седниците и да ја координира работата на ова тело, нагласува новинарската Соња Рилковска
Градоначалникот предупредува дека доколку продолжи бојкотот, можно е распишување нови избори.
„Доколку опозицијата продолжи со блокирање и методи кои го парализираат Советот, а кога ќе се исполнат законските услови, ќе се организираат предвремени избори за Советот на Општина Струга, за граѓаните да дадат заслужен одговор на ваквите политики. Заврши времето на блокадите и политиките од кои корист имаат само одредени поединци. Општина Струга ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните”, изјави градоначалникот Менди Ќира.
Тој обвини дека советниците од НАИ, СДСМ и поранешниот градоначалник Рамиз Мерко формирале, како што рече, тајна коалиција со цел да се парализира работата на општината и реализацијата на проектите.
Слични новости
Tошковски: Ако е дозволено 50 км/ч „Безбеден град“ ќе регистрира прекршок од 57 км/ч
Отстапките, односно толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“, ќе бидат идентични со оние што веќе се применуваат кај останатите полициски радари, појасни министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тоа значи толеранција од 6 километри на час за брзини до 100 км/ч
СДСМ бара истрага од ОЈО за загубите во ЕСМ, каде завршија 100 милиони евра
СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за загубите од 100 милиони евра и да утврди одговорност.
Во Собранието ќе се бираат нови министри
Собранието денеска ќе ја одржи 75. седница, на чиј дневен ред е и изборот на новите министри за европски прашања и животна средина


